Боење на коса

Класично боење/ 100% покривање бели влакна/Техники на боење/ Шатирање во повеќе нијанси /Избелување и боење без дополнително уништување на косата/Нијансирање

Боењето на косата е едно од неколкуте основни работи кои современата и модерна жена ги применува. Во студио Мираж ги нудиме:

  • Класично боење со високо-квалитени бои кое претставува боење израсток и должина со саканата боја или бојата која ја препорачуваме која би ви стоела. Работиме со бои специјализирани за 100% покривање седа коса, како и со бои без амонијак и без ppD која претставува супстанца на која многу луѓе се алергични а ја има во боите. За оние кои се во брзање нудиме и 10-минутни бои. Тоа се бои кои времето на развивање е само 10 минути. Имаат одлична прикривна моќ. Како додаток во бојата препорачуваме и Фиберплекс кој се додава за да се заштити косата од уништување при боење. Кај оние со осетлив скалп користиме и препарати кои се нанесуваат на скалпот за заштита за да се избегне моментот на чешање, пецкање и црвенило.
  • Шатирање во повеќе нијанси: во зависност од желбата на клиентот правиме прамени со боја или со бланш.
  • Избелување( бланширање) цела коса каде ви следува тонирање со прелив. За русокоси користиме посебен избелувач наменет за русокоси.
  • Нијансирањето е техника која се препорачува кај природни коси наместо класично боење или шатирање, а добивање на ефект на прамени кои не се видливи туку се прелеваат. Ова се прави со бои.
  • Техники на боење кои се во тренд како: омбре, сомбре, бронде, балајаж, rainbow bangs, rainbow hair, deliberate roots…