Боење на коса
Класично боење/ 100% покривање бели влакна/Техники на боење/ Шатирање во повеќе нијанси /Избелување и боење без дополнително уништување на косата/Нијансирање
Боењето на косата е едно од неколкуте основни работи кои современата и модерна жена ги применува. Во студио Мираж ги нудиме:
- Класично боење со високо-квалитени бои кое претставува боење израсток и должина со саканата боја или бојата која ја препорачуваме која би ви стоела. Работиме со бои специјализирани за 100% покривање седа коса, како и со бои без амонијак и без ppD која претставува супстанца на која многу луѓе се алергични а ја има во боите. За оние кои се во брзање нудиме и 10-минутни бои. Тоа се бои кои времето на развивање е само 10 минути. Имаат одлична прикривна моќ. Како додаток во бојата препорачуваме и Фиберплекс кој се додава за да се заштити косата од уништување при боење. Кај оние со осетлив скалп користиме и препарати кои се нанесуваат на скалпот за заштита за да се избегне моментот на чешање, пецкање и црвенило.
- Шатирање во повеќе нијанси: во зависност од желбата на клиентот правиме прамени со боја или со бланш.
- Избелување( бланширање) цела коса каде ви следува тонирање со прелив. За русокоси користиме посебен избелувач наменет за русокоси.
- Нијансирањето е техника која се препорачува кај природни коси наместо класично боење или шатирање, а добивање на ефект на прамени кои не се видливи туку се прелеваат. Ова се прави со бои.
- Техники на боење кои се во тренд како: омбре, сомбре, бронде, балајаж, rainbow bangs, rainbow hair, deliberate roots…
Третмани за нега на коса
Awesome subtitle about spa
Третмани за нега на боена коса/
Третмани за сува и оштетена коса
Третмани за ревитализирање на косата/ Кератинско полнење
Дневни и месечни промоции попусти и понуди на нови производи, пакет услуги
Во месецот на прослави, месец мај ви нудиме 20% попуст на пакет фенирање и шминка.
Ценовник
Here you can see what we have to offer and what you'll pay for that
За повеќе информации околу цените исконтактирајте не или посетете не.
Следете ги нашите понуди и попусти на пакети на следниов линк- Пакет услуги и попусти.
Услуга | Жени | Мажи |
---|---|---|
Шишање (Љупчо)
Шишање ( Еми) |
900
600 |
450 |
Фенирање (кратка/долга) | 450/550 | |
Креативно фенирање
(виткање,брановидно) |
500/600 | |
Боење (кратка)
(Средна) (Долга) |
900
1050 1150 |
900
|
Фолија бланш | 100 | |
Техники на боење | од 1500 | |
Избелување | од 800 | |
Нијансирање со бои | 1100/1600/2100 | |
Техники на шатирање(омбре/балајаж/фолијаж) | 2100/3100/4100 | |
Третмани за нега | од 350 | |
Фризури | од 1000 |