Во време кога речиси секоја втора жена ја фенира или бои косата, прашањето не е дали косата е оштетена, туку колку е таа оштетена. Знаеме дека попрво би си ја продале душата отколку да се откажете од пеглата и локните или пак од плавата боја или бланшот. Сепак ако добро ги почитувате следниве правила ќе можете да го добиете изгледот на здрава коса.

431113
1. ЗАШТИТЕТЕ ЈА КОСАТА
Секогаш заштитувајте ја косата од сонце, ветер и дожд. Изложеноста на сонце, топлина, загаден воздух и слично доведува до оштетување на скалпот но и на целото влакно. Носете капи, чадори, марами и користете шампони и останати препарати погодни за периодот од годината, како шампони за заштита од сонце или пак шамони за длабинско чистење кога е загадено, или пак третмани за хидратација во зима.

2.ВНИМАТЕЛНО ПРИ ИЗБОРОТ НА ШАМПОН

Користењето на професионален шампон одбран од стручно лице секогаш ќе помогне. Не се сите типови на коса исти како што не се ни сите препарати исти.

3.СЕКОГАШ АМА СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ КОНДИЦИОНЕР!

Без разлика каква коса и да имате МОРА да  користите кондиционер за да добиете изглед на здрава коса. Без разлика дали имате тенка и масна коса постојат кондиционери кои не ја слепуваат косата. Во тој случај ставате кондиционер од пола должина на косата кон врвовите.

4.ВНИМАТЕЛНО СО ФЕНОТ, ПЕГЛАТА И ФИГАРОТО

Ако веќе го правите тоа сами дома користете препарати за заштита од топлина. По завршувањето поминете со фенот со ладен воздух.

5. РЕДОВНО ПОТСКРАТУВАЈТЕ ГИ ВРВОВИТЕ

Редовно потскратување на врвовите на 2-3 месеци

6.ЈАДЕТЕ ЗДРАВО

Храна богата со витамини и протеини е од важно значење за здрава коса.Секогаш убавината доаѓа од внатре.

7. ШАМПОН ЗА ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ

Еднаш месечн0 користете шампон за длабинско чистење на косата за да не ви се презасити косата од препаратите кои ги користите.

8. СПИЈТЕ НА СВИЛЕНА НАВЛАКА

Памукот и останатите материјали се многу погруби од свилата и можат да предизвикуваат механичко кршење на влакното.

9. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО РЕПЧЕТО

Ако имате „разлистано“ некаде околу средината од вашата должина, тоа е резултат од претерано зацврстување на репчето. Избегнувајте ластичиња што почесто.

10.ЛАДНАТА ВОДА Е ПОДОБРА

Не ја мијте косата со жешка вода. Користете млака вода и последното плакнење поминете го со ладна вода. Со тоа го затворате влакното и косата добива поубав сјај.