hair-treatments-2014-hair-extensions

Како фризер често добивам прашања од типот – „Колку често треба да ја мијам косата?“, „Дали ако не ја мијам често нема да ми се масти повеќе?“,  „А што се подразбира под често миење коса?“ , „Дали смеам да користам шампон за суво перење/ бебешка пудра?“ , „Штетно ли е ако ја мијам секое утро/вечер?“

Нашиот одговор е следниов:

Секој човек си е различен. Тука станува збор за лична хигиена пред се! Не сите имаме ист тип на коса. Најчесто кај луѓето со дебело влакно поретко се масти косата а на тие со потенко влакно-почесто…Под често миење се подразбира секој ден, преку еден ден…

Има два става кај луѓето за тоа зошто треба и зошто не треба да се мие често:

  1. Зошто да ја миеме косата почесто
    Нечистата околина и секојдневното изложување на загаден воздух влијае на тоа често да се пере косата. Луѓето со нормална и коса склона на брзо измастување сметаат дека тоа ги затвора порите, косата е млитава и безживотна. За нив миењето коса дневно се поистоветува со миењето заби секојдневно.
  2. Зошто да не ја миете косата толку често
    Како што облеката кога често се пере така и косата при често перење избледува и омлитавува. Колку повеќе се одолговлекува миењето толку повеќе се редуцира маснењето после секое наредно миење. Некои луѓе дури и не користат шампони и ја мијат косата само со сода бикарбона еднаш во неколку недели.

Кој е во право?

МИЕЊЕ КОСА

   ВИЕ СТЕ! Тоа е индивидуално. Обрнете внимание на тоа како се однесува косата и користете соодветен шампон. Ако е сува и често се електризира и тешко се скротува тогаш сте претерале со миење и сте ја нарушиле репродукцијата на природните масла на косата. Ако имате коса што често се масти, пробајте да го пролонгирате миењето на три дена и видете како ќе се однесува Вашата коса. Кај луѓето што често ја мијат косата препорачуваме шампон кој е без сулфати бидејќи не е толку јак како останатите а со тоа ви ја зачувува бојата кај боените коси, а пред се ја негува бидејќи е понежен од останатите.

Бебешката пудра и шампонот за суво перење гледајте да го избегнувате освен во итни случаеви и што поскоро измивајте ги не ги задржувајте подолго од неколку часа на скалпот.
Исто така не ја мијте косата со бебешки шампони бидејќи тие се наменети само за бебиња како што и се нарекуваат и ја немаат таа прочистувачка моќ како шампоните за возрасни.

Ако имате дополнителни прашања исконтактирајте не тука или пак посетете не во нашиот салон.