Во време кога речиси секоја втора жена ја фенира или бои косата, прашањето не е дали косата е оштетена, туку колку е таа оштетена. Знаеме дека попрво би си ја продале душата отколку да се откажете од пеглата и локните или пак од плавата боја или бланшот. Сепак ако добро ги почитувате следниве правила ќе можете да го добиете изгледот на здрава коса.

431113
1. ЗАШТИТЕТЕ ЈА КОСАТА
Секогаш заштитувајте ја косата од сонце, ветер и дожд. Изложеноста на сонце, топлина, загаден воздух и слично доведува до оштетување на скалпот но и на целото влакно. Носете капи, чадори, марами и користете шампони и останати препарати погодни за периодот од годината, како шампони за заштита од сонце или пак шамони за длабинско чистење кога е загадено, или пак третмани за хидратација во зима.

2.ВНИМАТЕЛНО ПРИ ИЗБОРОТ НА ШАМПОН

Користењето на професионален шампон одбран од стручно лице секогаш ќе помогне. Не се сите типови на коса исти како што не се ни сите препарати исти.

3.СЕКОГАШ АМА СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ КОНДИЦИОНЕР!

Без разлика каква коса и да имате МОРА да  користите кондиционер за да добиете изглед на здрава коса. Без разлика дали имате тенка и масна коса постојат кондиционери кои не ја слепуваат косата. Во тој случај ставате кондиционер од пола должина на косата кон врвовите.

4.ВНИМАТЕЛНО СО ФЕНОТ, ПЕГЛАТА И ФИГАРОТО

Ако веќе го правите тоа сами дома користете препарати за заштита од топлина. По завршувањето поминете со фенот со ладен воздух.

5. РЕДОВНО ПОТСКРАТУВАЈТЕ ГИ ВРВОВИТЕ

Редовно потскратување на врвовите на 2-3 месеци

6.ЈАДЕТЕ ЗДРАВО

Храна богата со витамини и протеини е од важно значење за здрава коса.Секогаш убавината доаѓа од внатре.

7. ШАМПОН ЗА ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ

Еднаш месечн0 користете шампон за длабинско чистење на косата за да не ви се презасити косата од препаратите кои ги користите.

8. СПИЈТЕ НА СВИЛЕНА НАВЛАКА

Памукот и останатите материјали се многу погруби од свилата и можат да предизвикуваат механичко кршење на влакното.

9. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО РЕПЧЕТО

Ако имате „разлистано“ некаде околу средината од вашата должина, тоа е резултат од претерано зацврстување на репчето. Избегнувајте ластичиња што почесто.

10.ЛАДНАТА ВОДА Е ПОДОБРА

Не ја мијте косата со жешка вода. Користете млака вода и последното плакнење поминете го со ладна вода. Со тоа го затворате влакното и косата добива поубав сјај.

Причини и солуции за опаѓање на коса

Иако опаѓањето на косата е најчест проблем кај мажите, речиси е ист бројот на овој проблем и кај жените кој се соочуваат со разретчување на косата. Повеќето жени се соочуваат со ова некаде во 50тите-60тите години од својот живот, иако опаѓањето на косата може да се појави и на било која возраст. Во овој пост ќе продискутираме за причините од кои настанува овој проблем како и некои решенија за како да го редуцирате или спречите.

КАКО ДА СОГЛЕДАТЕ ДАЛИ ВАШАТА КОСА СЕ РАЗРЕТЧУВА

Кај мажите може полесно да се процени дали косата се намалува затоа што тоа е нормално генетски, додека кај жените пак е невообичаено и потешко да се увиди дали е нормално дневно опаѓање односно менување на влакното. Еве неколку знаци:

  • Проширување на делови на главата кои се со малку коса
  • Истенчен реп
  • Залистоци
  • Повеќе влакна на перницата
  • Повеќе коса на четката од вообичаено

Најчести причини за опаѓање:

Обично опаѓањето е поврзано со генетика, медицински причини и стрес.

Губење на косата кај жените

Најчесто опаѓање на косата кај жените е андрогена алопеција (наследно опаѓање) и се појавува кај 50% од повозрасните жени. Истражувањата покажуваат фреквенција на женската наследна ќелавост со инциденца од 54% кај машки роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години и 21% кај женски роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години. Возможно е раниот и доцниот почеток на женската ќелавост да се генетски одделни ентитети. Улогата на андрогените хормони кај жени не е потполно објаснета, иако губењето на косата кај жени е неспорно поврзано со зголемено ниво на андрогени.

Медицински причини

  • Покрај наследното опаѓање друг фактор кој допринесува за губење на косата здравствената состојба. Докторите можат да видат според фолекулот на влакното дали причината за опаѓање е генетска или пак здравствена. Најчести здравствена причини за губење на косата се:
  • Бременост и постпородилно опаѓање
  • Анемија
  • Нарушување на работењето на тироидната жлезда
  • Автоимуна болест
  • Дерматолошки болести како псоријаза
  • Полицистичен синдром

Стрес

Преголем стрес исто така може да потикне опаѓање на косата. Дали е тоа поголем период на анкциозност или пак некоја физичка траума, строги диети или пак подолго внесување на витамин А.

Стилизирање

Стилизирањето на косата може да предизивика механичко оштетување на косата но и може да доведе до нејзино опаѓање. Стегнати репови и плетенки,прекумерено белеење, боење и непрофесиоално фенирање(истегнување) на косата може да предизвика кршливост па дури и губење на косата.

РЕШЕНИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ИЛИ ПАК НАМАЛУВАЊЕ НА ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

Иако не можат да се променат гените, сепак може да се допринесе за одложување или спречување на губење на косата.

  • Посетете дерматолог- најважно е да се открие причината за опаѓање за да може да се продолжи со потребниот третман
  • Здравјето се гледа во косата- Како што внимаваме со исхраната за здрава кожа така треба да се конзумира храна што е погодна за здрава коса како здрави природни протеини што ги има кај рибата и јајцата, храна богата со омега 3 масни киселини (лосос), Б витамин (зеленчук и овошје),витамин Е (бадеми и јагоди) и витамин Ц (брокула и цитрон. Недостаток на цинк доведува до безживотна коса. И не заборавајте да пиете доволно течности во текот на денот.
  • Намалете го стресот- Анкциозноста и стресот влијаат на намалување на кортизолот и до ослабнување на косата. Затоа редовно спијте, вежбајте и медитирајте.
  • Стилизирајте умерено- не користете многу често пегли и фенови на ја стегајте многу косата и користете благи шампони и средства за стилизирање.

Ако се соочувате со било кој степен на опаѓање на косата, следниот пат кога ќе одите на фризер не заборавајте да му го кажете тоа на вашиот фризер и заедно ке дојдете до решение за вашиот проблем со фризура која визуелно на некој начин ќе ви помогне косата да ви изгледа побујна.

 

 

 

Масната коса е како масната кожа. Понекогаш тоа е резултат на наши навики, но и има луѓе кое едноставно имаат таков тип на коса. Да се има масна коса значи да го планираш времето кој дел од денот ќе ја миеш за таа да изгледа средено за одреден состанок на пример, или пак  пробувате да не ја допирате и хистерични сте кога некој друг се „осмели“ да ви ја допре косата. Губите драгоцено време пред огледало мислејќи дали да ја соберете во реп или пак да ставите некоја капа и на крај сепак на Вас не ви изгледа тоа толку добро како на друг.

Постојат неколку работи кои можете да ги применувате за да го контролирате маснењето на косата. Станува збор за пред се менување на навики и користење на правилни продукти. Еве 8 начини како да се справите со масната коса.

  1. Регенератор во спреј и само на краевите.
    Користењето на кондиционер по целата коса ја натежнува косата и го замастува коренот. Наместо тоа користете само на врвовите и гледајте да биде кондиционер во спреј наменет токму за вашиот тип на коса.
  2. Не ја мијте косата често.
    Колку почесто ја миете косата, се повеќе ги отстранувте природните масла од скалпот и тие се лачат уште повеќе. Ако ја миете косата секој ден, гледајте да ја миете преку еден ден. Односно пробајте да го редуцирате миењето со носење уште еден ден. Препорачуваме шампон за длабинско чистење и млака( никако премногу топла) вода.
  3. Користете шампон за суво перење.
    Овој шампон е идеален за тие денови што ќе го пролонгирате миењето. Лесно се користи и добивате на време. Но гледајте после максимум два дена да ја измиете со нормален шамон.
  4. Користете беби пудра.
    Беби пудрата се користи за неколку часа само. Таа го маскира масниот корен, но што поскоро треба да ја извадите од глава бидејќи може да направи перут после одредено време користење. За тие со потемни коси можете да користите бронзер за да прикриете масниот сјај.
  5. Чешлајте ја косата.
    Недоволното четкање и чешлање на косата прави да маснотиите останат само на коренот, со самото чешлање вие ги распоредувате по целото влакно и количината во коренот се намалува.
  6. Бирајте производи за коса мудро!
    Немојте да претерувате со креми и спрејови кои се прскаат во коренот за волумен. Избегнувајте продукти за зголемување на сјајот. Ако можете избегнете препаратите за стилизирање.
  7. Не ја допирајте косата!
    Ни со рацето ни со лицетео! Маснотиите на рацето и лицето можат многу лесно да се пренесат на косата. Затоа избегнувајте фризури кои ви го допираат лицето.
  8. Не ја пеглајте косата.
    Колку косата е позалепена за главата, толку се поголеми шансите таа да се измасти побрзо. Виткањето на косата природно или со помош на топлина ја поткрева косата од коренот и поспоро се масти на тој начин косата.

10 Совети како до долга коса

Долгата коса од секогаш била тренд кој многу девојки и жени го посакуваат. Во просек, косата расте 1см месечно. Тоа зависи од Вашето здравје и е поврзано генетски. Но постојат и надворешни фактори кои влијаат на растот на косата а не сме свесни за нив. Затоа Ви претставуваме 10 совети како побрзо да ја израснете косата во здрава долга коса.

  1.  Редовно потскратувајте
     ја ко
    сата на 6-8 недели.
  2. Не ја влечете косата на
    чешлање. Чешлајте од врвовите кон коренот.
  3. Користете шампони без сулфати.
  4. Пијте многу вода!
  5. Избегнувајте хемиско третирање со бои и бланшови.
  6. Избегнувајте го фенот, пеглата и фигарото колку можете.
  7. Не ја затегнувајте косата со шноли и ластичиња.
  8. Масирајте го скалпот на секое миење.
  9. Избегнувајте диети кои доведуваат до нагло слабеење.
  10. Здрава исхрана богата со железо,цинк,магнезиум и витамин  Б.

Save

Save

Не се само изразите на лицето што кажуваат за вас, туку и вашата фризура говори за тоа каква личност сте. Според една студија на Џин Хенер која е експерт во областа на говор на тело, која потекнува од 3000 години стара кинеска медицина ќе ви прикажеме што пренесува вашата фризура.

1.Доколку имате црвена коса големи се шансите дека вие сте забавни.
Црвената коса, па дури и да сте ја боеле црвена, вообичаено значи дека сакате забава, имате смисла за хумор, го мразите чувството на досадност. Во врските сте променливе бидејќи ја сакате онаа фаза на љубовта во која сте занесени. Обожувате да бидете во центарот на вниманието. Во спротивно црвенокосите знаат да бидам и срамежливи и да имаат страв од одбивање.Црвенокоса
2. Девојките со виткани коси се исто така забавни, но и девојки со топло срце.
Овие девојки сакаат работите да ги направат побрзо него останатите. Жените со виткана коса имаат големо срце. Нивните стремежи се кон извршување на работите побрзо него останатите луѓе. Тие имаат избувлив карактер, чииј карактеристики вклучуваат лидерство, љубов, страст, согледување, динамичност, агресија, интуиција и разумност.Тешко им е да се фокусираат на една работа на долг период, исто така  и некои од нив сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Девојка со виткана коса

3. Оние со прекршена( брановидна) густа коса се иновативни и креативни.
Тие се енергични, со силна волја, емотивни, имаат потреба од длабока и интензивна врска и многу лесно може да ги повредите нивните чувства. Не разговараат за одредени проблеми, се повлекуваат сами во себе и на тој начин се смируваат. Овие девојки сакаат поголем дел од времето да поминуваат сами, без разлика на тоа колку многу ве сакаат.Слободата е многу битна за нив. Од друга страна пак, ако имате тенка прекршена коса тоа значи дека треба да ја зачувате енергијата и вие сте исто така креативни.
Blond medium bob

4.Исто како што имањето на дебели веѓи, дебелата и густа коса значи дека најверојатно сте многу енергични и амбициозни, но и тврдоглави.Спротивно на тоа ако имате тенко влакно, вие сте поделикатна личност, не сте по екстремните спортови, сакате да ја заштедите вашата енергија.Густата дебела коса значи дека имате намален секусаен нагон,за разлика од останатите.Black wave hair

5.Ако имате права коса која често ја виткате ,значи дека вие копнеете кон повеќе забава во вашиот живот.Теоријата позади ова мислење е со самото виткање на косата вие содзавате промена на самите и привлекувате повеќе забавни и интересни искуства бидејќи вашата коса е поинтересна така.Па на тој начин ќе праќате забавна и позитивна порака кон останатите.
Curly hair red

6.Ако имате виткана коса која ја исправувате,значи дека вашиот живот е хаотичен и дека најверојатно имате потреба да се смирите малку. Според кинеска медицина сите системи се стремат кон баланс, па така се појавува кај секој желбата да се врати балансот на нештата.Со самото исправување на косата го контролирате нејзиниот интензитет и си давате чувство на смиреност.
red straigth

7.Правата и рамна коса значи дека вие сте перфекционист. Сакате да се работите под контрола и играте според правилата. Овие жени се најчесто професионалци во работата која ја работат.

8. Да се има кратка фризура значи дека немате страв да превземете ризик и да кршите правила. Овие личности се со отворен ум и самостални.
short hairstyle 2016

 

Save

hair-treatments-2014-hair-extensions

Како фризер често добивам прашања од типот – „Колку често треба да ја мијам косата?“, „Дали ако не ја мијам често нема да ми се масти повеќе?“,  „А што се подразбира под често миење коса?“ , „Дали смеам да користам шампон за суво перење/ бебешка пудра?“ , „Штетно ли е ако ја мијам секое утро/вечер?“

Нашиот одговор е следниов:

Секој човек си е различен. Тука станува збор за лична хигиена пред се! Не сите имаме ист тип на коса. Најчесто кај луѓето со дебело влакно поретко се масти косата а на тие со потенко влакно-почесто…Под често миење се подразбира секој ден, преку еден ден…

Има два става кај луѓето за тоа зошто треба и зошто не треба да се мие често:

  1. Зошто да ја миеме косата почесто
    Нечистата околина и секојдневното изложување на загаден воздух влијае на тоа често да се пере косата. Луѓето со нормална и коса склона на брзо измастување сметаат дека тоа ги затвора порите, косата е млитава и безживотна. За нив миењето коса дневно се поистоветува со миењето заби секојдневно.
  2. Зошто да не ја миете косата толку често
    Како што облеката кога често се пере така и косата при често перење избледува и омлитавува. Колку повеќе се одолговлекува миењето толку повеќе се редуцира маснењето после секое наредно миење. Некои луѓе дури и не користат шампони и ја мијат косата само со сода бикарбона еднаш во неколку недели.

Кој е во право?

МИЕЊЕ КОСА

   ВИЕ СТЕ! Тоа е индивидуално. Обрнете внимание на тоа како се однесува косата и користете соодветен шампон. Ако е сува и често се електризира и тешко се скротува тогаш сте претерале со миење и сте ја нарушиле репродукцијата на природните масла на косата. Ако имате коса што често се масти, пробајте да го пролонгирате миењето на три дена и видете како ќе се однесува Вашата коса. Кај луѓето што често ја мијат косата препорачуваме шампон кој е без сулфати бидејќи не е толку јак како останатите а со тоа ви ја зачувува бојата кај боените коси, а пред се ја негува бидејќи е понежен од останатите.

Бебешката пудра и шампонот за суво перење гледајте да го избегнувате освен во итни случаеви и што поскоро измивајте ги не ги задржувајте подолго од неколку часа на скалпот.
Исто така не ја мијте косата со бебешки шампони бидејќи тие се наменети само за бебиња како што и се нарекуваат и ја немаат таа прочистувачка моќ како шампоните за возрасни.

Ако имате дополнителни прашања исконтактирајте не тука или пак посетете не во нашиот салон.

Драги клиенти, овој пост, како и сите последователни го пишуваме се со цел да го пренесеме нашето знаење вам. Нашата долгогодишна едукација со голем број на експерти ширум светот како и нашето долгогодишно искуство во салонот ни покажаа дека голем број на стручни термини се не многу познати на многумина. Затоа со овој Водич за коса ќе ни претставува задоволство да ви го пренесеме нашето знаење за косата кое од секогаш сте сакале да го знаете. Од техники, фризури, стилизирање и препарати па до омиленаата тема Боење на косата.
Најпрво, да ги претставиме основните тонови на бојата на косата. Тоа се сите природни нивоа на вашите природни коси на скала од 1 (црна) па до 10 ( светла плава). Исто така тоа се основните нивоа на бојата која ја користите.

Hair-Color-Levels21

1- Црна

2- Речиси црна

3- Многу Темно кафена

4-Темно кафена

5- Кафена

6- Светло кафена

7-Темно плава

8-Средно плава

9-Плава

10- Светло плава

Потоа имаме нијанси, кои всушност ја покажуваат рефлексијата која ја гледате. Тие се поделени во неколку групи: топли, ладни и неутрални нијанси

Ладни тонови: сини, виолетови, зелени и сиви пигменти

FG-AshFG-Smokey

Пепеласти нијанси- нијанси кои имаат недостаток на топлина. Тоа се најчесто бои со сиви, зелени, сини или виолетови пигменти.

FG-Cool-Brown

Ладни кафени: Без забележителни бакарна, црвена, златна. Тоа може да биде од темно чоколадно па до посвелтна боја како на пример морско оревче.

FG-Black

Црна: Црната е најчесто со теѓет, сина рефлексија.Вие не може да добие потемна од ова! Тоа е потемна и од природната црна. Како кавијар. Совршена боја за сјајна коса секогаш.

FG-Aubergine

Модар патлиџан: Тоа е најтемната, најмрачна боја на слива. Најладна кафена од сите!

FG-Mahogany

Махагони- Иако кај нас многу луѓе ја сметаат за топла, махагоните според експертите е ладна нијанса. Тоа е боја на дрво која сепак има малку сино-базирана црвена.

FG-Violet

Виолетова: повеке дела сино помалку црвено. Добра е кај потемни нивоа и кај посветлните го уништува жолтилото.

Топли нијанси

Топли нијансии се сите бои со златни, бакарни и црвени рефлексии .

FG-Ambers

Amber- Боја која е мешавина од богата златна и загасена бакарна

FG-Auburn

Костенлива- Ја опишува црвената, бакарната и костенот во една бринета.

FG-Copper

Бакарна/ Копер – Светла и сјајна таа е свежа боја со портокалово црвени пигменти.

FG-Ginger

Џинџер- за многумина тоа е светла бакарна, но всушност според теоријата тоа е бакарна со плави подтонови.

FG-Gold

Златна- на топли тонови на кожа делува совршено. Поготово кај подолгите русокоси го омекнува ликот. Оваа боја е хит за 2016-та!

Неутрални рефлексии

Неутралните рефлексии во Мираж често ги ставаме во исти ќош со ладните пепеласти бидејќи нашата клиентела најчесто бара бојата да не и оди на црвено, а бидејќи на нашето поднебје природните коси на поголем број од жените се со црвен пигмент, најчесто неутрализираме со ладните нијанси за да добиеме нешто неутрално.
FG-Beige

Беж бојата е најчесто синоним за плавуша. Тоа е всушност мешавина од топли и ладни нијанси.

 

За да ја најдете вашата совршена боја, контактирајте не нашиот број +389 02 3231-123. Или посетете не во нашиот салон.

 

 

 

 

Пред некое време се решивте да направите промена и да си ја скратите косата и да направите некоја кратка фризура. Но, потоа одлучувате дека сакате да си ја пуштите повторно од одредени причини  и пуштајќи ја наидувате на најкритичната фаза односно така наречена „меѓу-фаза“ од израснувањето на кратките коси а тоа е кога шишките ви пречат, опашките позади почнуваат да растат и да се виткаат…се губи формата и фризурата не ви е пријатна за гледање и за носење.

За да лесно ја пребродите оваа меѓу-фаза  ви споделуваме 6 совети како:

1.Боб фризура

Amazing-Classic-Bob-CutИмаме добри вести! Косата во просек расте 1 см месечно. Па кога ќе приметите дека почнуваат да ви се прават опашки на вратот време е за растење на горниот дел, односно време е да го посетите Љупчо и да ја скратите должината за да се спуштат степените. Вие ќе добите одлична боб фризура која ќе можете да ја носите разбушавено или прибрано. Од таму добивате брз пат до должина до рамена.На следниот линк ви нудиме предлози за боб фризури тука.

2. Експериментирајте

50cca4ee60ef35075a0f04b735af40bbВо меѓу-фазата на растење на вашата коса имате неизбежен дел каде вашата коса ќе изгледа дури смешно. Решение? Додатоци за коса. Шноли, венчиња…Ќе бидете воодушевени кога ќе видите што се можете да направите со црните обични шноли.

3.Направете  фризурата да ви изгледа раскошна

Обојте ја косата. Со самото менување боја го тргнувате вниманието од формата на косата. На пример една сјајна чоколадна може многу вешто да го прикрие израснувањето на степените.Cute-short-haircuts-with-bangs

4. Еволуцијата на шишките
maxresdefaultШишките  знаат да бидат многу тешки за издржување во меѓу-фазата. За тој дел предлагаме ретчење на тој дел на фризер или пак пробувајте да ги носите наназад или на страна, користејќи разни продукти за стилизирање, додека не се претворат во степени околу лицето.

5.Здрави од внатре- Здрави од надвор!

Top-Foods-Healthy-Hair-ScalpКонзумирањето доволно калории и витамини Б12, цинк и железо, како и редуцирање на стресот можат да придонесат за растењето на косата побрзо. При тоа го подобрувате и квалитетот односно јачината на косата. Избегнувајте грубо чешлање, тапирање, пеглање или било какво грубо хемиско или физичко малтретирање на косата. Интензивните длабински третмани за нега на косата и скалпот би ја зашититиле вашата коса од оштетување.

6.Потскратувајте јa косата почесто.

Редовно потскратувајте ја косата на 2-3 месеци максимум во комбинација со третмани за интензивна нега. Редовните мали потстрижувања ги одржуваат врвовите здрави. А здравите врвови се најбитни за растењето на косата, бидејќи ако само така едноставно ја пуштите да ви расте врвовите ќе ви се оштетат и косата ќе почне самата да ви се крши и потскратува, па така растењето ќе ви изгледа цела вечност.

ServicePicture_459706_9771

 

За да би заштедиле, поголем број од жените ја бојат својата коса дома. Сепак постојат повеќе фактори зошто не треба да се прави тоа по дома и зошто е поефикасно да се бои косата во професионален фризерски салон.

  1. ФРИЗЕРОТ Е ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ВО ТАА ОБЛАСТ.ТОЈ ИМА УЧЕНО ЗА ТОА.

Што значи без разлика колку вие сте читале и сте истражувале и сте учеле од туѓи искуства, фризерот има повеќе знаење и искуство, сепак се има запознаено со секакви коси. За него не постои само црна, кафена, смеѓа и плава коса, он знае повеќе од 90 нијанси кои се додаваат на основните 12. Освен тоа фризерот знае различни техники на боење кои се прават за добивање на одредени резултати.

  1. ПРОФЕСИОНАЛЕЦОТ ЗНАЕ ДА ПРОЦЕНИ КОЈА БОЈА ЗА КОСА НАЈМНОГУ ЌЕ ВИ ОДГОВАРА

Не на секој му одговара црвена или плава, не на секој му одговара ладен тон или топол тон на боја. Многу пати кога ќе погледнете некоја девојка со боја која премногу ви се допаѓа веднаш сакате да ја добиете истата. Кога ќе го направите тоа одеднаш не ви се допаѓа како вам ви стои. Фризерот тоа го гледа поинаку, врз основа на тенот, очите и бојата на веѓите ќе ви определи која боја ќе ви одговара.

  1. ФРИЗЕРОТ ЗНАЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ВО ИДНИНА СО ВАШАТА БОЈА

Боење на коса во професионален фризерски салон по дифолт подразбира и боење со професионална боја за коса, кои траат подолго и немаат тенденција да се измиваат за разлика од боите кои можете да ги најдете во малопродажба.

  1. ВО САЛОН ДОБИВАТЕ И СОВЕТ ЗА НЕГА НА ВАШАТА КОСА

Фризерот по боењето ќе ви каже кои препарати се погодни за вашата коса како и кога треба да дојдете нареден пат за одржување на бојата.

  1. СЕДИТЕ ВЛАКНА ЌЕ ВИ БИДАТ 100% ПОКРИЕНИ

Нема потреба да ги кубете белите влакна, исто така боењето со темни бои по дома како црна и темно кафена нема да ви помогне, напротив уште поголем ќе биде контрастот кога ќе подникне коренот. А нема потреба и да ставате количински пола од бојата на местот каде што се седите влакна, не е причината за непокривањето во тоа. Фризерот користи професионална линија токму за таква коса како и може да ви направи предпигментација на косата се со цел целосно покривање. Тоа дома невозможно е да го постигнете.

  1. БОЕЊЕТО ДОМА Е ШТЕТНО ЗА ВАШАТА КОСА

Многу жени се со цел да заштедат пари ја бојат косата дома, меѓутоа често се случува да ја погрешат бојата и да потрошат пари исто како на фризер за да би го постигнале тоа што го бараат. А со самото пребојување дома поголем е ризикот од оштетување, поготово кај светлите бои. Исто така боите од малопродажба содржат повеќе пероксид кој е штетен за вашата коса за разлика од професионалните.

  1. БОЈАТА ВО КАТАЛОГОТ/СЛИКАТА НЕМА ДА ВИ ИЗЛЕЗЕ ИСТО НА ВАШАТА КОСА

Голем број жени имаат погрешено при самото избирање на боја мислејќи дека ќе излезат исто како на сликата. Фризерот знае која боја треба да ја стави за да излезе вашата посакувана боја.

  1. БОЕЊЕТО ТРЕБА ДА БИДЕ УЖИВАЊЕ

Хемикалиите што ги има во трајните и полутрајните бои за коса не се високо токсични.

Голем број истражувања имаат докажано дека боењето кај трудниците не е ризично по бебето.

Некои студии велат дека многу мал дел од хемикалиите можат да се штетни. Но тоа е минимална количина во однос на тоа колку абсорбира кожата.

Сепак многу доктори и научници не препорачуваат боење во текот на првите 12 недели од бременоста, бидејќи тогаш плодот се оформува. Но тоа не значи дека одеднаш треба да ја запуштите вашата коса. Постојат револуционерни бои за боење кои се без амонијак и се на органска база. Тоа се бои кои прават само филм на површината од влакното и не продираат подлабоко за разлика од трајните. Доколку сте скептици и за овие бои кои се апсолутно сигурни, повторно не треба да ја оставите косата така.Можете да извадите прамени каде што бојата нема да допре до кожата и повторно да имате убава боја на косата.

Исто така треба да се напомене дека не треба да очекувате вашата коса да се однесува исто како што била претходно. Во овој период можно е да не ви излезе бојата како до сега. Најчесто во нашиот салон сите трудници имале најубави коси во поглед на квалитет и боја за време на бременоста, меѓутоа има и такви каде што бојата не излегува како што треба, тоа е поради зголемените хормони. Не треба тоа да ве загрижува за краток период се ќе се врати во нормалата.

И за крај, ви препорачуваме нега на косата со препарати кои содржат Q10 и арганово масло.