6 Професионални совети како го „преживеете“ растењето на кратката коса

Пред некое време се решивте да направите промена и да си ја скратите косата и да направите некоја кратка фризура. Но, потоа одлучувате дека сакате да си ја пуштите повторно од одредени причини  и пуштајќи ја наидувате на најкритичната фаза односно така наречена „меѓу-фаза“ од израснувањето на кратките коси а тоа е кога шишките ви пречат, опашките позади почнуваат да растат и да се виткаат…се губи формата и фризурата не ви е пријатна за гледање и за носење.

За да лесно ја пребродите оваа меѓу-фаза  ви споделуваме 6 совети како:

1.Боб фризура

Amazing-Classic-Bob-CutИмаме добри вести! Косата во просек расте 1 см месечно. Па кога ќе приметите дека почнуваат да ви се прават опашки на вратот време е за растење на горниот дел, односно време е да го посетите Љупчо и да ја скратите должината за да се спуштат степените. Вие ќе добите одлична боб фризура која ќе можете да ја носите разбушавено или прибрано. Од таму добивате брз пат до должина до рамена.На следниот линк ви нудиме предлози за боб фризури тука.

2. Експериментирајте

50cca4ee60ef35075a0f04b735af40bbВо меѓу-фазата на растење на вашата коса имате неизбежен дел каде вашата коса ќе изгледа дури смешно. Решение? Додатоци за коса. Шноли, венчиња…Ќе бидете воодушевени кога ќе видите што се можете да направите со црните обични шноли.

3.Направете  фризурата да ви изгледа раскошна

Обојте ја косата. Со самото менување боја го тргнувате вниманието од формата на косата. На пример една сјајна чоколадна може многу вешто да го прикрие израснувањето на степените.Cute-short-haircuts-with-bangs

4. Еволуцијата на шишките
maxresdefaultШишките  знаат да бидат многу тешки за издржување во меѓу-фазата. За тој дел предлагаме ретчење на тој дел на фризер или пак пробувајте да ги носите наназад или на страна, користејќи разни продукти за стилизирање, додека не се претворат во степени околу лицето.

5.Здрави од внатре- Здрави од надвор!

Top-Foods-Healthy-Hair-ScalpКонзумирањето доволно калории и витамини Б12, цинк и железо, како и редуцирање на стресот можат да придонесат за растењето на косата побрзо. При тоа го подобрувате и квалитетот односно јачината на косата. Избегнувајте грубо чешлање, тапирање, пеглање или било какво грубо хемиско или физичко малтретирање на косата. Интензивните длабински третмани за нега на косата и скалпот би ја зашититиле вашата коса од оштетување.

6.Потскратувајте јa косата почесто.

Редовно потскратувајте ја косата на 2-3 месеци максимум во комбинација со третмани за интензивна нега. Редовните мали потстрижувања ги одржуваат врвовите здрави. А здравите врвови се најбитни за растењето на косата, бидејќи ако само така едноставно ја пуштите да ви расте врвовите ќе ви се оштетат и косата ќе почне самата да ви се крши и потскратува, па така растењето ќе ви изгледа цела вечност.

ServicePicture_459706_9771

 

Comments for this post are closed.