ОПАЃАЊЕ НА КОСА. КОГА И КОЛКУ Е ТОА РИЗИЧНО ЗА ВАШАТА КОСА

Многу жени се вознемируваат кога ќе видат купче коса во кадата или пак на чешелот.

Докажано е дека жените попрво би се одрекле од витко тело и секс него од губење на коса.Затоа не е чудно што тоа е кошмар за многу жени. Тоа е нормално доколку се тоа од 60-100тина влакна, но не и повеќе.

Нормално е косата да се регенерира поготово на есен и на пролет.Но зголемено опаѓање не треба да се занемари. За да почнете со терапија прво треба да се одреди причината за опаѓањето. Постојат 11 причини за опаѓање на косата:

 

  1. Нормално регенерирање на есен кое не треба да ве загрижува.Во летниот период косата е изложена на сонце и ја убрзува фазата на раст а со тоа на есен и видливо се гледа опаѓањето Во тој период само треба да користите превентивно професионален шампон за потикнување на раст на коса
  2. Трихотиломанија е опсесивно-компулсивно пореметување. Тоа претставува корење и кубење на влакна. Луѓето кои го имаат ова пореметување не можат да го контролираат.
  3. Преголемо хемиско третирање на косата. Како што е избелување со јаки препарати, горење на косата при фенирањеи пеглање и сето тоа заради недоволна паралелна нега за заштита на влакното. Превентивно мора да користите професионални препарати за заштита од топлина и исклучително професионална нега за хемиски третирана коса.
  4. Постојано собрана, затегната коса знае да предизвика кубење на косата од корен. Поготово делот кај ластикот ја оштетува косата. Кај овие случаеви најчесто предниот дел кај челото ги трпи последиците како и средниот дел од влакното.
  5. Намалени нутративни вредности. Намаленото ниво на железо го потикнува паѓањето на косата. Најдобро е да ја проверите крвната слика. Ова се третира преку исхраната

Comments for this post are closed.