ПРИЧИНИ( И РЕШЕНИЈА) ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Причини и солуции за опаѓање на коса

Иако опаѓањето на косата е најчест проблем кај мажите, речиси е ист бројот на овој проблем и кај жените кој се соочуваат со разретчување на косата. Повеќето жени се соочуваат со ова некаде во 50тите-60тите години од својот живот, иако опаѓањето на косата може да се појави и на било која возраст. Во овој пост ќе продискутираме за причините од кои настанува овој проблем како и некои решенија за како да го редуцирате или спречите.

КАКО ДА СОГЛЕДАТЕ ДАЛИ ВАШАТА КОСА СЕ РАЗРЕТЧУВА

Кај мажите може полесно да се процени дали косата се намалува затоа што тоа е нормално генетски, додека кај жените пак е невообичаено и потешко да се увиди дали е нормално дневно опаѓање односно менување на влакното. Еве неколку знаци:

  • Проширување на делови на главата кои се со малку коса
  • Истенчен реп
  • Залистоци
  • Повеќе влакна на перницата
  • Повеќе коса на четката од вообичаено

Најчести причини за опаѓање:

Обично опаѓањето е поврзано со генетика, медицински причини и стрес.

Губење на косата кај жените

Најчесто опаѓање на косата кај жените е андрогена алопеција (наследно опаѓање) и се појавува кај 50% од повозрасните жени. Истражувањата покажуваат фреквенција на женската наследна ќелавост со инциденца од 54% кај машки роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години и 21% кај женски роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години. Возможно е раниот и доцниот почеток на женската ќелавост да се генетски одделни ентитети. Улогата на андрогените хормони кај жени не е потполно објаснета, иако губењето на косата кај жени е неспорно поврзано со зголемено ниво на андрогени.

Медицински причини

  • Покрај наследното опаѓање друг фактор кој допринесува за губење на косата здравствената состојба. Докторите можат да видат според фолекулот на влакното дали причината за опаѓање е генетска или пак здравствена. Најчести здравствена причини за губење на косата се:
  • Бременост и постпородилно опаѓање
  • Анемија
  • Нарушување на работењето на тироидната жлезда
  • Автоимуна болест
  • Дерматолошки болести како псоријаза
  • Полицистичен синдром

Стрес

Преголем стрес исто така може да потикне опаѓање на косата. Дали е тоа поголем период на анкциозност или пак некоја физичка траума, строги диети или пак подолго внесување на витамин А.

Стилизирање

Стилизирањето на косата може да предизивика механичко оштетување на косата но и може да доведе до нејзино опаѓање. Стегнати репови и плетенки,прекумерено белеење, боење и непрофесиоално фенирање(истегнување) на косата може да предизвика кршливост па дури и губење на косата.

РЕШЕНИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ИЛИ ПАК НАМАЛУВАЊЕ НА ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

Иако не можат да се променат гените, сепак може да се допринесе за одложување или спречување на губење на косата.

  • Посетете дерматолог- најважно е да се открие причината за опаѓање за да може да се продолжи со потребниот третман
  • Здравјето се гледа во косата- Како што внимаваме со исхраната за здрава кожа така треба да се конзумира храна што е погодна за здрава коса како здрави природни протеини што ги има кај рибата и јајцата, храна богата со омега 3 масни киселини (лосос), Б витамин (зеленчук и овошје),витамин Е (бадеми и јагоди) и витамин Ц (брокула и цитрон. Недостаток на цинк доведува до безживотна коса. И не заборавајте да пиете доволно течности во текот на денот.
  • Намалете го стресот- Анкциозноста и стресот влијаат на намалување на кортизолот и до ослабнување на косата. Затоа редовно спијте, вежбајте и медитирајте.
  • Стилизирајте умерено- не користете многу често пегли и фенови на ја стегајте многу косата и користете благи шампони и средства за стилизирање.

Ако се соочувате со било кој степен на опаѓање на косата, следниот пат кога ќе одите на фризер не заборавајте да му го кажете тоа на вашиот фризер и заедно ке дојдете до решение за вашиот проблем со фризура која визуелно на некој начин ќе ви помогне косата да ви изгледа побујна.

 

 

 

Comments for this post are closed.