Имате масна коса? 8 Совети како да се справите со неа

Масната коса е како масната кожа. Понекогаш тоа е резултат на наши навики, но и има луѓе кое едноставно имаат таков тип на коса. Да се има масна коса значи да го планираш времето кој дел од денот ќе ја миеш за таа да изгледа средено за одреден состанок на пример, или пак  пробувате да не ја допирате и хистерични сте кога некој друг се „осмели“ да ви ја допре косата. Губите драгоцено време пред огледало мислејќи дали да ја соберете во реп или пак да ставите некоја капа и на крај сепак на Вас не ви изгледа тоа толку добро како на друг.

Постојат неколку работи кои можете да ги применувате за да го контролирате маснењето на косата. Станува збор за пред се менување на навики и користење на правилни продукти. Еве 8 начини како да се справите со масната коса.

  1. Регенератор во спреј и само на краевите.
    Користењето на кондиционер по целата коса ја натежнува косата и го замастува коренот. Наместо тоа користете само на врвовите и гледајте да биде кондиционер во спреј наменет токму за вашиот тип на коса.
  2. Не ја мијте косата често.
    Колку почесто ја миете косата, се повеќе ги отстранувте природните масла од скалпот и тие се лачат уште повеќе. Ако ја миете косата секој ден, гледајте да ја миете преку еден ден. Односно пробајте да го редуцирате миењето со носење уште еден ден. Препорачуваме шампон за длабинско чистење и млака( никако премногу топла) вода.
  3. Користете шампон за суво перење.
    Овој шампон е идеален за тие денови што ќе го пролонгирате миењето. Лесно се користи и добивате на време. Но гледајте после максимум два дена да ја измиете со нормален шамон.
  4. Користете беби пудра.
    Беби пудрата се користи за неколку часа само. Таа го маскира масниот корен, но што поскоро треба да ја извадите од глава бидејќи може да направи перут после одредено време користење. За тие со потемни коси можете да користите бронзер за да прикриете масниот сјај.
  5. Чешлајте ја косата.
    Недоволното четкање и чешлање на косата прави да маснотиите останат само на коренот, со самото чешлање вие ги распоредувате по целото влакно и количината во коренот се намалува.
  6. Бирајте производи за коса мудро!
    Немојте да претерувате со креми и спрејови кои се прскаат во коренот за волумен. Избегнувајте продукти за зголемување на сјајот. Ако можете избегнете препаратите за стилизирање.
  7. Не ја допирајте косата!
    Ни со рацето ни со лицетео! Маснотиите на рацето и лицето можат многу лесно да се пренесат на косата. Затоа избегнувајте фризури кои ви го допираат лицето.
  8. Не ја пеглајте косата.
    Колку косата е позалепена за главата, толку се поголеми шансите таа да се измасти побрзо. Виткањето на косата природно или со помош на топлина ја поткрева косата од коренот и поспоро се масти на тој начин косата.

Comments for this post are closed.